More

    Бугарски историчар со навреди по последните настани во Собранието

    spot_img

    Република Северна Македонија е последниот резерват на титовиот македонизам. Сведоци сме на еден вид ‘Парк Јура’. На прв поглед е смешно, но тоа е факт“ – вака бугарскиот историчар Пламен Павлов го коментира за бугарското Радио Фокус отпорот во Македонија за промени на Уставот со кои во него би биле впишани и Бугарите.

    – Сведоци сме на уште една апсурдна сцена со разгледување прашање кое е совршено јасно. Во салата на македонското народно Собрание речиси и да нема сомнеж дека во РСМ живеат Бугари. Упорноста на т.н. опозиција, пред сè на т.н. ВМРО-ДПМНЕ, е показател за стравот од вистината и за неподготвеноста да се тргне по европскиот пат. Однесувањето на Христијан Мицкоски и на неговите сопартијци зборува за одбивање да влезат во ЕУ и за самостојно владеење, а пред сè за следење странски мантри, посебно на Москва и на Белград – вели Павлов.

    Според него, огромен дел од народот е убеден дека РСМ треба да биде во ЕУ, но „друго прашање е колку овој театар на апсурдот влијае врз него“.

    – Сосема е можно измените да поминат во скопското Собрание, но, ако тоа не се случи тоа ќе биде груба грешка, злосторство на дел од политичката елита против сопствениот народ и неговата иднина. Со загриженост гледаме што се случува, бидејќи она што се случува во Скопје навистина оди подалеку од нормалното политичко однесување – вели професорот Пламен Павлов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img