More

    Деми Мур откри зошто и пропаднал бракот со Брус Вилис

    spot_img

    „Малку жени би го трпеле тоа…“ – по многу години открива славната холивудска актерка Деми Мур за пропаднатиот брак со Брус Вилис.

    Брус Вилис и Деми Мур беа еден од најубавите парови во Холивуд. Успешни, заљубени и со прекрасно семејство. Сепак, тие одеднаш објавија дека се разведуваат по 13 години брак. Иако однадвор изгледаше совршено, се покажа дека нивниот брак имаЛ многу проблеми.

    Славните актери прв пат се сретнале на премиера на еден филм во далечната 1987 година

    -Тој рече: „Мислам дека треба да се венчаме.“ Се шегувавме, се разбира, но одеднаш се чинеше дека тој воопшто не се шегува – изјави еднаш Деми Мур.

    Во нејзините мемоари  „Inside Out“, таа искрено ги откри своите лични борби и го опиша своето детство и врските, вклучувајќи го и бракот со Брус. Од првиот момент биле целосно луди еден по друг. И двајцата биле подготвени да основаат семејство, па таа останала бремена само четири месеци по средбата, односно првата брачна ноќ. Во бракот имаа три ќерки Румер, Скаут и Талула.

    Деми сакала да му се врат на актерството, но Брус не се согласувал. Сакал таа да остане дома и само да им биде мајка на нивните ќерки.

    „Ова никогаш нема да успее ако работиш“ – ѝ рекол Брус на Деми во една од нивните расправииза семејството и за актерството.

    И покрај неговите желби, Деми добила неколку понуди и повторно почнала да работи. Таа во книгата напиша дека била на тешка мака.Тој бил премногу „напорен“ и сакал се да му биде под контрола, а таа „бунтовничка која не се откажува“.

    Брус инсистирал на тоа дека не можат да работат и да бидат родители. За да му го докаже спротивното, Деми ја однела својата ќерка на филмскиот сет, приспособувајќи го нејзиниот распоред на неговиот. На крајот, Брус одлучил дека не сака повеќе да биде во таков брак. Не можел да го поднесе вниманието што таа го добивала.

     

    -Тој сакаше семејство, но копнееше и за возбуда. Во суштина, сакаше да прави што сака. Имаше 36 години, ако додадет слава и пари во таа равенка. Математиката е едноставна. Малку жени би го трпеле сето тоа… – се сеќава Деми.

    Меѓу работите што ги сакал Брус биле и други жени, убедена е Деми, која се сомневала дека нејзиниот сопруг ја изневерува со актерката Јануари Џонс.

    Брус и Деми поминувале многу време одвоени поради работата, а нивните блиски пријатели открија дека напорната работа и долгорочното снимање во различни делови на светот премногу го оптоварувале нивниот брак.

    -Нашето пријателство продолжува. Институцијата е ставена настрана – изјави Брус по разводот.

    Тоа го докажаа сите овие години. Изолацијата поради Ковид-19 тој ја помина во нејзината куќа, а неговата сегашна сопруга Ема и Деми се пријателки.

     

    Деми Мур е чест гостин во нивниот дом и на Брус му е голема поддршка во борбата со тешката болест. Брус Вилис боледува од деменција, поради болеста се откажа од снимањата и времето го поминува опкружен со семејството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img