Денеска (18.08.2023) од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола врз основа на Наредба за вршење на претрес на дом и други простории од Основен суд Битола, извршија претрес во дом и други простории во с. Олевени, битолско кај лицето П. К.(39). При претресот пронајдени и одземени се 65 патрони ловна муниција , 6 парчиња боева муниција од различен калибар, 1 рамка за пиштол , 1 воздушна пушка калибар 5.5, 1 ловна пушка марка „CZ“ и други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.