Медицинската сестра Луси Летби (33) од Манчестер е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња. Таа ги убила бебињата во периодот од јуни 2015 до јуни 2016 година, кога работела во болницата „Гофицата на Честер“, објави Би-Би-Си.
Летби е прогласена за виновна и за обид за убиство на уште шест бебиња, кои се обидела да ги отруе со вбризгување на инсулин, млеко или дури и воздух во нивните тела.
Медицинската сестра убиец користела ноќни смени за нападите, бидејќи знаела дека тогаш родителите веројатно нема да го посетат одделението за новороденчиња.
Во 2018 и 2019 година, Летби била уапсен двапати од полицијата во врска со нивната истрага. Таа повторно била уапсена во ноември 2020 година.
Во претсресот на нејзиниот дом полицијата пронашле белешки во кои медицинската сестра пишувала за убиствата.
„Не заслужувам да живеам. Ги убив намерно затоа што не сум доволно добра за да се грижам за нив. Јас сум ужасна злобна личност. Злобна сум, го направив ова“ – пишувало во белешките.
Според сознанијата од истрагата, неколку бебиња биле отруени со инсулин, а едно бебе е убиено кога Луси наводно му вбризгала воздух.