Кинеската компанија „Броуд груп“ пред две години изгради станбена зграда од 10 ката за само 28 часа. Целиот објект е направен од големи блокови кои имаат челична конструкција со веќе поставени инсталации за вода и струја.
Така, цели блокови беа „наредени“ како коцки. И на сите ѕидови беше извршена целата внатрешна работа и остана само крановите и мајсторите на терен да ги „спакуваат“ по ред и успеаја да ја завршат целата работа за само 28 часа.
Зградата е 10 пати полесна и многу поотпорна на природни катастрофи како земјотреси и тајфуни, за разлика од конвенционално изградените згради. Од кинеската компанија тврдат дека и трошоците за изградба се многу помали.