Грчкиот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, во последните мигови пред да го загуби животот крварејќи влегол во супермаркет во Атина, а вработените му понудиле крпа да се избрише. Вака сугерира снимката од камерите која ја објави грчкиот портал Прототема во кое се гледа 29-годишникот кој беше избоден од хрватските навивачи.
Михалис не можел да ја крене главата за да се избрише. Крварењето продолжило. Едно лице му понудило вода додека седел таму, а тоа лице се обидело да извести некого за драмата што се одвивала.
На едно видео се гледа како Михалис се обидува да стане, но повторно паѓа. Во следните минути тој дополнително изгубил сила поради обилното крварење и набрзо починал.
Михалис носел сина маица, шорцеви и качулка на лицето. На рацете носел ракавици, а во левата рака носел шлем.