More

    САД одобрија испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина од Данска и Холандија веднаш штом ќе заврши обуката за пилоти

    spot_img

    САД одобрија испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина од Данска и Холандија веднаш штом ќе заврши обуката за пилоти, изјави неименуван американски претставник.

    – Вашингтон ги увери данските и холандските власти дека САД ќе го забрзаат одобрувањето на барањето за трансфер на Ф-16 во Украина откако пилотите ќе бидат обучени – рече официјалниот претставник.

    Тој додаде дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен испратил писма до своите дански и холандски колеги во кои ги уверува дека барањата ќе бидат уважени.

    Авионот Ф-16, наречен уште „Борбен сокол“ (Fighting Falcon) е млазен ловец со едно седиште и еден мотор, кого го произведува корпорацијата Локхед Мартин за армијата на САД и за десетина други земји. Ф-16 е конструиран по нарачка направена во 1972 година за лесен рентабилен ловец за борба воздух-воздух. Сегашните модели се исто така способни за дејствување во сите временски услови и ефикасни се за копнени напади. Воздухопловните сили на САД ја добија првата испорака на Ф-16 во 1978 година.

    Под лиценца се произведува и во Белгија, Холандија, Турција, како и Јужна Кореја, и е основа под која е правен јапонскиот ловец FS-X. Се продава и на сојузниците на САД на Блискиот Исток, каде што се покажа многу ефикасен во борбите воздух-воздух, во израелско-сирискиот конфликт од 1982 година и во војната во Персискиот Залив од 1990-1991 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img