More

    ДУИ со апел пред утрешната седница: Пратениците да гласаат за европска иднина на нашата земја

    spot_img

    Демократската унија за интеграција смета дека утрешната седница за уставните измени ќе биде одлучувачка за европската иднина на нашата земја.
    Следствено на тоа, ДУИ апелира до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска задача за земјата да оди напред бидејќи уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на нашите евроинтегративни преговори.

    „На манипулацијата со граѓаните од страна на различни деструктивни сили и дојде крајот откако, Демократската унија за интеграција како сериозна партија со проамериканска-европска ориентација ги стави на располагање сите можни опции, само за евроинтеграцискиот процес на земјата да не биде блокиран. Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува политичките партии и самите пратеници да ги остават настрана личните и партиските интереси, да не се обидуваат да ја блокираат туку, да ја приоретизираат европската иднина на граѓаните. Утре ќе видиме кој е за интеграција, а кој за изолација, кој за Европа, а кој за Русија, кој за перспектива, а кој за уназадување!“, пишува во партиското соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img