Вчера претпладне во Полициската станица Драчево, вработен во Железничка станица Драчево пријавил дека на покрив на еден вагон, мигрант се здобил со повреди откако го удрило струен удар.
– Мигрантот веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Кај него биле констатирани тешки телесни повреди – велат од Министерството за внатрешни работи.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.