More

    Зеленски денеска ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за 90 дена

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за 90 дена, објавено е на веб-страницата на Врховната Рада.

    Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација до 15 ноември, пренесува Укринформ.

    Украинските власти воведоа вонредна состојба на 24 февруари 2022 година, истиот ден кога започна нападот на Русија врз таа земја. Следниот ден Зеленски го потпиша указот за општа мобилизација.

    Зеленски денеска ја потпиша и одлуката за разрешување на регионалните воени комитети, со што ја спроведува одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана од 11 август, пренесува Униан. Со таа одлука, Советот за национална безбедност ги повика службите за спроведување на законот во рок од еден месец да преземат дополнителни мерки за сузбивање на корупцијата и другите кривични дела на службеници во територијалните центри за регрутирање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img