Грчката полиција се уште не го расветлила убиството на навивачот на АЕК Михалис Кацурис, кој беше убиен во навивачка пресметка пред натпреварот АЕК-Динамо Загреб во Атина.
Истрагата досега издвои петмина осомничени за убиството на Кацурис. Станува збор за државјани на Хрватска, Албанија и Грција (3). Во моментот на апсењето, Хрватот и Албанецот имале ножеви со траги од крв, а веднаш биле одвоени од останатите и осомничени за убиство. Грчките државјани кои се осомничени за убиството на Кацурис се навивачи на Панатинаикос и и се познати на полицијата од поодамна.
Грчкиот сајт Protothema објави видео од последните моменти на убиениот Кацурис. Има неколку видеа кои полицијата ги анализира пре