Поранешниорт руски претседател, сега заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев ја посети „изложбата“ на руската армија.
На Твитер беше објавено видео од руската телевизија на кое се гледа како Медведев гледа „изложба“ на западна опрема за која руската војска тврди дека ја запленила за време на борбите во Украина.
Заедно со оружјето, изложен е и морбиден скелет, кој најверојатно треба да претставува украински војник.
Dmitry Medvedev is inspecting what the Russian army says is an exhibition of western equipment it captured fighting in Ukraine. For some reason there is also a scary skeleton pic.twitter.com/m99yz6oNtf
— max seddon (@maxseddon) August 16, 2023