Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, на оргинален начин се пошегува со Србинот Новак Ѓоковиќ. Тие двајца се добри пријатели, се дружеа и разговараа пред натпреварите од второто коло на Мастерсот во Синсинати, додека чекаа да излезат на теренот. Ѓоковиќ се загреваше, а Сабаленка му додаваше топки. Тогаш е направена фотографијата на која Ѓоковиќ е фатен со смешен израз на лицето. Сабаленка ја сподели фотографијата на својот Инстаграм профил и се пошегува со Ѓоковиќ затоа што не успеал да ја фати топката што му ја фрлила.
„Имаш 23 грен-слем титули, а сѐ уште не можеш да ја фатиш топката. Жал ми е, но и не ми е“ – напиша Сабаленка на Инстаграм, а Ноле ја прифати шегата и со насмевка ја сподели нејзината објава.
Вториот тенисер во светот се пласира во третото коло на Мастерсот во Синсинати иако не го заврши мечот против Шпанецот Алехандро Давидович Фокина кој го предаде мечот по првиот сет кој го доби Ѓоковиќ со 6:4. Во следното коло Србинот ќе игра против Французин Гаел Монфис, кој го совлада Алекс де Минор со 7:5, 6:4.
Пласман во осминафиналето обезеди и Арина Сабаленка откако ја совлада Ли На со 7:5, 2:6, 6:4, а во следното коло Белорусинката ја чека 13.тенисерка во светот Дарија Касаткина.