More

    Последици од разорен пожар на Хаваи

    spot_img

    Разорните шумски пожари на Мауи досега однесоа најмалку 101 живот и изгореа повеќе од 2.500 хектари во историските градови како Лахаина, уништувајќи домови и бизниси.

    Тоа е убедливо најсмртоносниот пожар во САД во повеќе од еден век и најлошата природна катастрофа во историјата на Хаваите.

    Од 2.000 лица кои првично беа пријавени како исчезнати, по 1.300 се уште се трага. Во меѓувреме, сепак, многу луѓе успеаја да воспостават контакт и да дојдат до членовите на нивните семејства, откако беше повторно воспоставена мрежата на мобилни телефони.

    Спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат изгорените згради со кучиња обучени да пронаоѓаат тела. Началникот на полицијата Џон Пелетие рече дека само околу четвртина од домовите се претресени досега. Според гувернерот Грин, се проценува дека секој ден ќе се наоѓаат од 10 до 20 тела на жртви.

    Властите ги повикаа роднините на исчезнатите да достават примероци од ДНК за да може да се споредат доколку е потребно. Медиумите јавуваат дека на островот пристигнал поголем тим форензичари и патолози кои помагаат во идентификацијата. Поставена е и мобилна мртовечница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img