More

    Банката на Ирска вчера се соочи со криза откако илјадници луѓе ги „нападнаа“ банкоматите во обид да ја искористат голема грешка

    spot_img

    Банката на Ирска вчера се соочи со криза откако илјадници луѓе ги „нападнаа“ банкоматите во обид да ја искористат голема грешка. Банката претходно ги информирала клиентите дека има проблем со нејзината онлајн апликација и веб-страница, откако била „преплавена“ со поплаки, пренесуваат медиумите.

    До вечерта, корисниците открија дека можат да добијат готовина од банкоматите и покрај тоа што немаат доволно средства. Поради ова, на полициските службеници им било наредено да ги расчистат редиците од луѓе кои се обидувале да ја искористат приликата пред банкоматот. Луѓето синоќа чекаа во долги редици пред некои филијали за да подигнат пари што всушност ги немаа на нивните сметки.

     

    Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 долари на сметка на „Revolut“. Потоа можеа да подигнат пари од „Revolut“ на кој било банкомат. Како што веста брзо се рашири на социјалните мрежи, „лудилото“ од подигнување готовина на многу места, вклучувајќи ги Даблин, Лимерик и Наван, продолжи се додека чуварите не го спречија тоа, и покрај предупредувањата на социјалните мрежи дека нема бесплатни пари и дека парите мора да бидат вратени.

     

    Во соопштението објавено после 11 часот синоќа, „Bank of Ireland“ ги предупреди клиентите дека парите земени од нивните сметки ќе се третираат како пречекорување.

    – Би сакале да ги потсетиме корисниците дека трансферот/повлекувањето на средства – вклучувајќи ги и оние над нормалните граници – ќе се третира како пречекорување на сметката. Свесни сме дека корисниците можеби нема да можат да го проверат салдото, но не треба да подигаат/префрлаат пари доколку постои веројатност да ги надминат лимитите – наведоа од банката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img