More

    Ни трага ни глас од исчезнатиот Иса од Брвеница

    spot_img

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) инфрормира дека и во текот на вчерашниот ден се одвивала потрагата по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница пријавено пред десет дена.

    Во координација на раководителот на РЦУК Тетово беа вклучени 25 полициски службеници кои ги пребаруваат нивите, а и коритото покрај реката Вардар.

    Припадници на Армијата со едно куче од армискиот Центар за обука и дресура за кучиња (ЦОДК) го пребаруваа планинскиот дел на село Теново од 09:00 до 12:10 часот, заедно со еден вработен од ДЗС Тетово и еден вработен од Општина Брвеница.

    „Фрлени вреќи со облека во облик на човечко тело во водата на Вардар за момент дадоа надеж дека исчезнатиот е пронајден. Конкретно, во 10 часот се препоставуваше дека исчезнатиот е пронајден во реката Вардар во с. Радиовце, но тоа беше лажна трага, бидејќи по влегувње на нуркачите од ТППЕ Тетово беше утврдено дека не е исчезнатиот, туку дека биле вреќи со алишта коишто во водата изгледале како човечко тело во облека“, информира ЦУК.

    Исчезнатиот сѐ уште не е пронајден, а се планира потрагата да продолжи и во наредните денови.

    Инаку, веќе подолго време трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница кој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома.

    Случајот бил пријавен на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.

    Општина Брвеница упати благодарност до Зибер Зибери кој со градежна машина доброволно се вклучил во потрагата во водите на реката Вардар.

    „Општина Брвеница ги повикува сите граѓани кои можеби имаат информации или сознание за евентуалното место на исчезнатото лице, да ги известат полициските органи во најблиската полициска станица, семејството Рушити или општината“, се вели во известието на Општина Брвеница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img