More

    Таткото на монструмот од Градачац не сака да го преземе неговото тело

    spot_img

    По крвавиот масакр во Градачац, Нермин Сулејмановиќ, опкружен од полициски сили, се самоуби. Никој не сака да го преземе телото на убиецот, дури ни неговиот татко

    Поминаа четири дена од крвавиот масакр во Градачац во кој полудениот Нермин Сулејмановиќ ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, турските државјани таткото и синот Ѓенгиз и Денис Ондер, а ги рани сопругата на Ѓенгиз, Хариса Ондер, полицаецот Хусеин Коториќовиќ и Недим Памуковиќ. Монструм во живо на Инстаграм го пренесуваше убиството на неговата сопруга.

    На крајот, опбиколен со полициски сили, Сулејмановиќ се самоуби. Како што пишува Аваз, никој не сака да го преземе телото на убиецот, па ни неговиот татко. Познаници на убиецот му откриле на Аваз дека татко му наводно рекол дека „не му е гајле за тоа го*но“.

    Во понеделникот стотици луѓе пристигнаа во Градачац пред џамијата Мионица за да се простат од Низама Хеќимовиќ. Соседите, пријателите и роднините се собраа пред семејната куќа на починатата за да и оддадат почит.

    Досега се уапсени околу 40 лица кои му дале поддршка на налудничавиот убиец за време на директниот пренос на страшното убиство во Босна и Херцеговина. Како што откри Рамо Исак, министер за внатрешни работи на Босна и Херцеговина, се спроведуваат активности за евидентирање на лицата кои го поддржале монструозниот чин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img