Омилената „очајна домаќинка“ Ева Лонгорија уште еднаш ги разбрани сите со нови фотографии во бикини. Таа на својот инстаграм-профил објави фотографии на кои излегува од базен во минијатурни бикини, а обожавателите и поделија бројни комплименти.
Холивудската актерка Ева Лонгорија има складно тело и вита линија, а на нејзиниот изглед многумина и завидуваат. Актерката многу внимава на својот изглед, што можеме да видиме низ годините, а за време на пандемијата на коронавирусот воодушевуваше со тренинзите на домашната трамболина, благодарение на која се доведе во топ форма.
А дека и самата е свесна колку добро изгледа, се гледа и од најновите фотографии кои ги објави на својот инстаграм-профил. На нив Ева Лонгорија излегува од базен, во семејната вила, во минијатурно бикини.
Маслинесто-зелената боја на бикини дополнително ја истакна нејзината исончана кожа, а кројот на долниот дел на бикинито поставено високо на колковите, дополнително визуелно и ги издолжило нозете.
Под објавените фотографии набрзо започнаа да се нижат комплименти, а се огласи и Георгина Родригез, свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, оставајќи и коментар на холивудската актерка, велејќи и дека е „кралица“.
Оваа џебна Венера, како што многумина ја нарекуваат поради нејзината висина од 155 сантиметри, еднаш откри дека вежба по еден час дневно, а заедно со вежбањето следи и строг план на исхрана кој го исклучува виното и прекумерното консумирање јаглехидрати и шеќер.
ФОТО: Инстаграм