More

    Велешанец на возраст од 42 години е третиот пациент кој заболел од Конго-кримска хеморагична треска

    spot_img

    Велешанец на возраст од 42 години е третиот пациент кој заболел од Конго-кримска хеморагична треска, потврдуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и е во стабилна општа состојба. Нема поврзаност со претходниот случај.

    „Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38 степени, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во општата болница во Велес. Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи“, соопшти ИЈЗ.

    Во 13:30 часот директорката на Инфективна клиника Милена Стевановиќ ќе даде изјава за медиумите по повод состојбата со Конго-кримска хеморагична треска.

    Во контекст на пристапот Едно здравје (One health) контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img