Силно невреме ја погоди областа Неа Плаја, која се наоѓа на околу 40 километри јужно од Солун, а грчкиот портал „Прототема“ објави дека на Халкидики се формирало торнадо. Четири лица се повредени, а се појави и видео од торнадото над морето.
Невремето носеше се пред себе, летаа чадори и мебел за плажа. Од четворицата повредени, едно е пренесено во болница и според неофицијални информации се здобило со скршеница.