More

    Тетовскиот градоначаник објави ново видео со знамето на „голема Албанија“

    spot_img

    Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој беше организатор на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, вчера неговиот профил на Фејсбук објави уште едно видео на кое се гледа веењето на знамето со т.н. „голема Албанија“, а спотот започнува со песната „Welcome to Albania“ (Добредојде во Албанија).

    Во скоро четири минути, трипати се покажува спорното знаме со територијални претензии кон други држави, меѓу кои е Македонија.

    Од спотот на Касами се гледа атмосферата на настанот, куп албански знамиња и ниту едно македонско, а се прикажува и колкава масовност имало.

    Нема информации дали полицијата го лоцираше лицето со етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“.

    Касами не одговари на на прашањата од „Макфакс“ зошто дозволил таква иконографија.

    Од Кабинетот на премиерот Димитар Ковечевски вчера реагираа дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји.

    „Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока Ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот“, соопштија од Кабинетот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img