Меленото месо е многу популарна храна, а неговата популарност веројатно може да се припише на фактот што е релативно евтино и може да се користи за подготовка на голем број различни јадења.
Покрај тоа, лесно се чува и може да остане во замрзнувач неколку месеци.
Како и повеќето намирници кои се наоѓаат во фрижидерите на супермаркетите, меленото месо е многу лесно расипливо. Кога ќе го купите, не чекајте премногу пред да го користите – имате околу два дена да го подготвите пред да почне да се расипува.
За да ја намалите веројатноста да јадете месо полно со бактерии, изберете внимателно кога сте во самопослуга.
Побарајте црвено месо и пакување кое не содржи вишок течност на дното. На секое пакување има одреден број етикети врз основа на кои можете да го изберете месото кое субјективно ви одговара – на пример, она со помалку маснотии или одгледувано во одредени услови – сепак, што не е субјективно проценка е фактот дали месото е сепак добро или расипано.
Како да препознаете дали меленото месо е расипано?
Расипаното мелено месо може да содржи штетни бактерии како салмонела и E. coli и да биде извор на болести кои се пренесуваат преку храна.
Сепак, подготвувањето оброци додека месото е сѐ уште свежо или правилното складирање ќе ви овозможи да ја избегнете опасноста.
За да бидете секогаш на безбедна страна, најдобро е секој пат да направите кратка проверка пред да користите мелено месо, која се состои од четири едноставни чекори.
Барајте промени во бојата
Меленото месо, особено говедското, многу брзо ја менува бојата.
Кога е свеж, треба да биде светло црвена, но може да биде и темноцрвена или виолетова.
Сивото или кафеното месо може да биде знак на гниење, иако не е невообичаено внатрешноста на сировото говедско месо да има различна боја од надворешната бидејќи не е изложена на кислород.
Но, ако бојата ви изгледа сомнително, тоа е веројатно од добра причина.
Проверете како мириса
Потпирањето на сопствениот нос може да биде многу ефикасно кога треба да препознаете дали месото е расипано.
Меленото месо, особено кога станува збор за говедско месо, треба да мириса на железо доколку е свежо, но тој природен мирис често е толку благ што нема ни да го забележите.
Она што дефинитивно сакате да го забележите е мирисот на гниење.
Никогаш не го игнорирајте непријатниот мирис на месото и веднаш ослободете се од секое парче или пакување што мириса.
Обрнете внимание на текстурата
Многумина од нас не сакаат да ракуваат со сирово месо, но ќе мора да се справите со тоа за да ја проверите текстурата.
Ако месото е лигаво или лепливо на кој било начин, тоа може да биде знак за расипување.
Не заборавајте да ги измиете рацете пред да ја направите оваа проверка за да ја намалите можноста за вкрстена контаминација.
Проверете го датумот на истекување означен на пакувањето
Дури и ако месото изгледа добро по проверка на бојата, мирисот и текстурата, не го консумирајте ако му истекол рокот.
Проверувањето на рокот е корисна навика која треба редовно да се практикува за да го искористите месото навреме или да го замрзнете доколку сфатите дека нема да имате време да го користите.
Внимавајте да не замрзне предоцна – генерално, меленото месо може да остане во фрижидер два дена, па вториот ден е идеално време за замрзнување.