More

    Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн потпиша договор вреден 100 милиони фунти со минхенски Баерн

    spot_img

    Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн потпиша договор вреден 100 милиони фунти со минхенски Баерн, соопшти претпладнево актуелниот германски првак.

    Во клупското соопштение се прецизира дека довчерашниот напаѓач на лондонски Тотенхем се обврзал на верност со Баерн до 2027 година.

    Договорот беше потпишан по долги преговори и неколку одбиени понуди од премиерлигашот.

    Германските медиуми јавија дека Кејн вчеравечер пристигнал во Германија и го завршил првиот дел од задолжителните медицински прегледи во болница во западен Минхен.

    Сумата која Баерн ја плати за услугите на 30-годишниот англиски напаѓач е највисок трансфер во историјата на Бундеслигата.

    Претходниот рекорд изнесуваше 80 милиони евра колку што Баерн плати за потписот на францускиот репрезентативец Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид во 2019 година.

    Кејн би можел да дебитира за Баерн веќе денеска во германскиот Суперкуп против Лајпциг, но мора да биде регистриран најдоцна до 14 часот по англиско време за да може да истрча на теренот на „Алијанц арена“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img