Истрагата за убиството на 29-годишниот Грк, кој во вторникот загина во судирот меѓу грчките и хрватските хулигани, е сведена на 13 лица. Грчките медиуми јавуваат дека се работи за тројца Грци, девет Хрвати и еден Албанец. Тие во петок напладне треба да се појават во судот, а за време на викендот да бидат сослушани повеќе од стотина приведени за нередите во кои беше убиен младиот Грк. Поради нередите во грчката престолнина приведени се 104 лица, меѓу кои дури 98 Хрвати, а сите се пријавени за различни кривични и прекршочни дела. Амбасадорот во Атина Александар Сунко во четвртокот ги посети хрватските државјани кои беа приведени во Грција поради предизвикување нереди.
Погреб на убиениот Грк
Грчките медиуми пишуваат дека убиениот 29-годишник ќе биде погребан во петок попладне во 17 часот.
Семејството побара сите оние кои сакаат да купат венец повеќе да ги платат парите за хуманитарни цели.