Кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, вчера е убиен на предизборен митинг во Кито. Атентаторот го застрела во главата додека влегуваше во својот автомобил.
Еден од осомничените, кој бил тешко повреден при престрелката, е уапсен на лице место, соопшти Обвинителството. Екипажот на брзата помош потоа ја констатирал неговата смрт. Подоцна се уапсени уште шест други осомничени лица.
Во престрелката се повредени најмалку девет лица, меѓу кои и кандидатка за парламентарните избори и двајца полицајци.