Американскиот претседател Џо Бајден во својот последен гаф по грешка го навел Големиот Кањон едно од „деветте“ светски чуда.
Американскиот претседател подоцна се поправил, велејќи дека тоа е едно од „седумте“ чуда. Во говорот во близина на кањонот, тој изјавил дека не е „претерување да се каже не постои национално богатство, ниту едно, кое е поголемо од Големиот Кањон“.
– Големиот Кањон, едно од деветте светски чуда, чудата на оваа планета, буквално. Размислете за тоа, знаете, тоа е неверојатно, траен симбол на Америка за целиот свет – изјавил Бајден. Тој додал дека за првпат го видел Големиот Кањон пред многу години, кога бил млад сенатор.
– Додека стоев и гледав надвор, една реченица ми падна на ум, беше инстинктивна, реков дека ова мора да е, ова е Божја катедрала. На тоа ме потсети. Тоа е едноставно величествено. Всушност, реков 9, тоа едно од седумте светски чуда – се поправил Бајден.
Кејти Хобс, гувернерката на Аризона, во своите изјави веќе го спомнала кањонот како „познат како едно од седумте природни чуда на светот“.
Подоцна, г-дин Бајден се фотографирал во близина на работ на кањонот, велејќи им на новинарите „не скокајте“.
Бајден ја заштитил од изградба околината на Големиот Кањон, односно речиси милион хектари земјиште во неговата близина. Тој ја прогласил таа област за најнов национален споменик на земјата.
– Луѓе, зачувувањето на оваа земја е добро не само за Аризона, туку и за планетата, добро е за економијата, добро е за душата на нацијата – рече Бајден.