Италијанската влада одлучи еднократно да ги оданочи банките кои остварија високи профити како резултат на борбата на централните банки со инфлацијата. Стапката на оданочување е 40% , а парите ќе се користат за даночни олеснувања и за помош на граѓаните кои имаат хипотеки, соопшти владата на џорџа Мелони.
Заменик премиерот, Матео Салвини, за високите профити на банките во Италија ја обвини Европската централна банка бидејќи воведе високите каматни стапки во борбата со инфлацијата бидејќи како што вели таа е надлежна за одредување на каматните стапки.
Тој додаде дека парите од овој данок ќе одат за даночни олеснувања и за помош на граѓаните кои имаат хипотеки.
Италијанската влада очекува новиот данок да донесе голема сума на пари, но засега не се соопштува колкав ќе биде приходот во буџетот од овој данок.Според аналитичарите, може да се очекува сума од најмалку 2 милијарди евра.
Претходно и Шпанската влада им воведе сличен данок на банките и очекува да инкасира околу 3 милијарди евра.
Нови давачки на банките им наметна и Унгарија.