More

    ВМРО-ДПМНЕ го нема добиено, како што вели, таканаречениот Манифест, и откако ќе го добие тој документ, доколку има нешто суштинско за разгледување, органите на партијата ќе го разгледаат и ќе се изјаснат

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ го нема добиено, како што вели, таканаречениот Манифест, и откако ќе го добие тој документ, доколку има нешто суштинско за разгледување, органите на партијата ќе го разгледаат и ќе се изјаснат, соопшти партијата.

    „Срамот и предавствата кои ѝ ги направија на државата изминатите години власта на ДУИ и СДС нема да ги покријат со замајување на јавноста со некакви документи кои си ги пишуваат во штабот на ДУИ, а ги испраќаат преку прес службата на СДС.

    ДУИ и СДС преку таканаречениот Манифест уште еднаш признаа дека изминатите месеци ништо не направија за зачувување и остварување на стратешките интереси на Македонија. Седнале и напишале две страни, смислиле име, го нарекле Манифест и преку соопштение без никакви консултации, како да се работи за најнебитната работа во државава го испраќаат до медиумите, повикувајќи ги сите чинители да го прифатат“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    Со овој потег Османи, Маричиќ и Груби, доколку бил консултиран и Ковачевски, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, само докажуваат дека немаат никаков капацитет за градење консензус за највисоките државни интереси.

    „Исто како пред година ипол кога власта сама си договараше и преговараше протоколи со источниот сосед, без никаква консултација со опозијата, сега повторно сами си пишуваат документи и повикуваат на консензус“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img