Деветнаесетгодишен хрватски хулиган, кој е осомничен за убиството на навивач на АЕК во Атина е приведен на границата со Албанија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Деветнаесетгодишен хрватски хулиган, кој е осомничен за убиството на навивач на АЕК во Атина е приведен на границата со Албанија, јавуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на грчки и албански медиуми.

Наводно, тој се обидел да побегне со автобус, но грчката полиција го уапсила на граничниот премин Какавија, јавува грчка То Вима.

На истиот премин биле запрени уште десет Хрвати и се разговара дали ќе бидат приведени или ослободени, јавува албански Топ Чанел. Тие додаваат дека уапсениот осомничен за убиството е 19- годишниот Домагој Пезер од Загреб.

Уапсени се уште седум навивачи на Динамо. Се обиделе да побегнат од Грција, а во комбето со кое патувале биле пронајдени ножеви и палки.

Share This Article