Режисерот Вилијам Фридкин, најпознат по оскаровскиот филм „Француската врска“, како и блокбастерот „Истерувач на ѓаволот“, почина во Лос Анџелес на 87-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврди деканот на Универзитетот Чепмен, Стивен Галовеј, пријател на сопругата на Фридкин, Шери Ленсинг, пренесува „Вариети“.
„Француска врска“ освои неколку Оскари, меѓу кои и за најдобар филм, за режисер и за актерот Џин Хекман.
Заедно со Питер Богданович, Френсис Форд Копола и Хал Ешбњеи, Фридкин во 70-тите години на 20. век беше предводник на филмските творци кои му го вратија престижот на Холивуд, по деценија на стагнација кога најдобрите филмови доаѓаа од други краеви на светот.
Неговиот последен филм, со Кифер Сатарленд во главната улога, премиерно ќе биде прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција.