Здружението на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден – Пирин“, во објава на социјалните мрежи, коментира дека за 10 дена Бугарија успеала да деградира и да дискриминира 4 народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и од од Грција, при што се додава дека дека ова е „добрососедскиот“ однос на бугарски начин.
Сумирајќи ги последните настани во Македонија, но и во Грција, кои ги испровоцираа бугарски државјани, како и изјавата на шефот на српската на дипломатија Ивица Дачиќ, кој побара реципроцитет во српско-бугарските односи при признавањето на бугарското малцинство во Србија односно на српското во Бугарија, ОМО „Илинден – Пирин“ ги повика македонските политичари, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, опозициските лидери Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, како и министрите Османи и Маричиќ, да реагираат.
„Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи. За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и за сличната реторика, да не ни споменуваме“, пишува ОМО „Илинден – Пирин“.
На 2 август, „во присуство на највисокото претставништво на државата, јавно на ТВ, повторно и по 150-ина години, со тешка дискриминаторна реторика, со јавно искажани територијални претензии и нималку добрососедски став, го одбележаа Илинден, како празник на бугарското востание, па и манипулирајќи го името со нивната измислица за некакво си илинденско-преображенско востание и претставувајќи го како востание на Бугарите“, коментира Здружението.
„Нивната политика на дискриминација ја свртеа кон Србија, на која исто така ѝ го дискриминираат српското малцинство во Бугарија и го декларираат како непостоечко. На тоа веднаш добија одговор од Ивица Дачиќ дека и бугарското малцинство, кое изнесува само 0,29 % во Србија, нема да биде признаено“, се вели во објавата нОМО „Илинден – Пирин“.
„Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат. Па, така, пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен Бугарин го отстранил грчкото знаме од јарбол и поставил бугарско извикувајќи: Тоа е Бугарија!. Полицијата соопштила дека сторителот ѝ е познат и од претходни прекршоци и тој бил однесен на распит во Драма“, се додава во објавата.