Ковачевски за национален консензус за уставните измени, кои се предуслов за одржувањето на втората меѓувладина конференција и за почеток на преговорите со Европската Унија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Опозицијата по втор пат енергично го отфрли барањето на премиерот Димитар Ковачевски за национален консензус за уставните измени, кои се предуслов за одржувањето на втората меѓувладина конференција и за почеток на преговорите со Европската Унија. Претходно ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека не прифаќа уставни измени под бугарски диктат не прифаќа.

Ковачевски во интервју за МИА изјави дека е потребен „национален, општествен консензус, за конечно да ја постигнеме стратешката цел Македонија да стане членка на ЕУ“. Но, во реториката на премиерот нема промени коишто водат кон мопжноста од дијалог за ова прашање. Тој останува на своите добро познати ставови дека подобар предлог од францускиот нема да има и при тоа и натаму ја обвинува опозицијата за „терање изборни кампањи и за калкулации за министерско, пратеничко или директорско столче“.

Според Ковачевски опозицијата треба да изгради став и да одлучи дали е за интеграција во ЕУ, реално и суштински, или за изолација.

– Прво беше „асимилација и бугаризација“. Откако се виде дека нема ништо од тоа сега е „бугарски диктат“. Уставните измени не се ничиј диктат, ниту пак нечиј поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка на Република Северна Македонија со Европската Унија. Ни повеќе ни помалку – додава тој.

ВМРО-ДПМНЕ енергично возврати на прозивката:

– Кога зборува за консензус, Ковачевски треба да се присети дека консензус требаше да побара кога десетици илјади граѓани протестираа против условите кои ги прифати, но тој ги игнорираше. За општ консензус Ковачевски требаше да размислува која граѓаните експертите и ВМРО-ДПМНЕ предупредуваа и нудеа рака за помош, но тој арогантно ги одбиваше. Ковачевски, Османи и Маричиќ преговорите ги водеа во стилот “јас, тате и бате“, а од другата страна Бугарија ја вклучи целиот свој дипломатски, институционален и експертски капацитет.

„Поради тврдоглавоста и кусогледоста на Ковачевски, денес Македонија треба да менува Устав под бугарски диктат и притоа нема никакви европски институционални гаранции дека Бугарија нема да поставува нови услови, дека нема да има промена на учебници и на историски наративи, дека нема да има бесконечни преговори или однародување“, вели опозициската партија и додава:

– Додека лежи на некоја плажа,  доволно е Ковачевски да ги погледне пораките на бугарските државници од Илинден и ќе види дека од Бугарија не само што се најавуваат нови барања, туку и дирекнто се негира македонскиот идентитет и историја. Ова Ковачевски го премолчи и не го осуди, што покажува дека се согласува со Радев и со неговиот колега Денков. Исто така, веруваме дека Ковачевски знае да чита, па може да провери дека никој од Европа не гарантира нови условувања од Бугарија кои го тангираат македонскиот идентитет. Решението, сакал Ковачевски или не, се избори.

ВМРО-ДПМНЕ го потсети премиерот Ковачевски дека над 80 проценти од граѓаните, јавноста и експертите се против промена на Устав под бугарски диктат.

- Advertisement -
Ad image

– Ковачевски, само за ден повеќе на власт и za одржување на коалиција со ДУИ, ја доведе Македонија во подредена положба и ја загрози нејзината европска интеграција, уште повеќе и нејзината вековна јазична, културна и историска посебност. Но, тоа се прашања на коишто ќе мора да одговори кога ќе се врати од луксузното одморалиште далеку од очите на јавноста, кога ќе се соочи со неизбежноста од одржување предвремени парламентарни избори. Консензус за уставни измени под бугарски диктат не е можен, единствено можен е консензус за избори – категорична е ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата за утврдување на потребата за уставни измени е закажана за 18 август.

Share This Article