Поранешниот партиски потпретседател Невзат Бејта, кој беше еден од водачите на „огнената група“ во ДУИ, одби да се приклучи на новата партија на Изет Меџити и му се врати на Али Ахмети.
Бејта денеска е фотографиран како го придружува Ахмети во реканскиот крај, каде се одржа централната манифестација „Средби на Горна Река“ во организација на Културното друштво „Горна Река“.
Неодамна собранискиот спикер Талат Џафери жестоко се спротивстави на враќањето на Бејта во ДУИ.
– Како не му е срам да се врати во партијата по сите критики на јавните излегувања – изјави Џафери во интервју за ТВ 21.