Седумнаесетгодишно момче загина, а повредена е неговата девојка во забавен парк во Франција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Седумнаесетгодишно момче загина, а 19-годишна девојка е тешко повредена во несреќа што се случила вчеравечер во забавен парк во близина на градот Безиер на југот на Франција, соопшти државниот обвинител Рафаел Баланд.

Забавниот парк во Кап д’Агде, во близина на Безиер, беше затворен утрово, а полицијата ја опколи областа околу него.

– Две лица загинаа додека се наоѓаа во атракцијата „Адреналина“. Седумнаесетгодишникот им подлегна на повредите, а 19-годишна девојка итно е пренесена во болница во Монпеље – изјави Баланд.

Отворена е и судска истрага за убиство и ненамерна повреда, а четворица мажи, меѓу кои и управителот на забавниот парк, се приведени синоќа во три часот за да се разјасни што се случило.

Share This Article