Пукна насипот на Мура, населението се евакуира

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пукна насипот долж реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.

Командантот на Цивилната заштита, Среќко Шестан изјави дека се вложува ситуацијата бидејќи се зголемува дупката во насипот.

Инженерските служби се обидуваат да ја затворат дупката, но не успеваат со машините со кои располагаат.

– Се истражува можноста за фрлање бетонски блокови од хеликоптер, но тоа е отежнато поради временските прилики – посочи Шестан додавајќи оти ако се урне насипот ќе бидат поплавени десет села.

Мура моментно го има вториот највисок водостој забележан во историјата, а нивото на водата во оваа река расте и по течението во Австрија.

 

 

Share This Article