Шеесет и осумгодишниотактер Брус Вилис се пензионираше минатата година поради болест и ретко се појавува во јавноста.
Сепак, неговите остварувања на филмското платно не потонаа во заборав, па познатиот режисер Квентин Тарантино, кој е и пријател на актерот, сака да му оддаде почит во неговиот нов филм, пишува „Дејли експрес“.
Тој, наводно, на Брус му нуди кратка улога во неговиот десетти и последен филм, The Movie Critic, кој започнува со снимање во септември. Тарантино се уште не го контактирал семејството на актерот и ќе ги почитува нивните желби доколку Вилис е премногу болен.
Во тој случај, неговиот план е да користи исечоци од старите филмови на легендарниот Брус Вилис.
Инаку, на почетокот на годинава на Брус Вилис му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а пред тоа му беше дијагностицирана афазија, форма на болеста која предизвикува когнитивни потешкотии, односно влијае на способноста за зборување, поради што мораше да се повлече од својата професија.
Деновиве случајни минувачи го фотографирале актерот низ прозорецот на црн теренец по улиците на Лос Анџелес. Ова беше едно од неговите ретки излегувања во друштво на пријатели. Тој ги поздравил.
Минатата година на Брус Вилис му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, најчеста форма на рана деменција, а претходно дијагностицирана афазија, форма на болеста која предизвикува когнитивни потешкот.