Денеска гореле 10 пожари на отворено, 7 од нив во скопско

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На територијата на државава во текот на денов се регистрирани 10 пожари на отворено, а од нив 7 се во скопскиот регион. Дел од пожарите се изгасени, а некои сѐ уште се гасат.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожар е регистриран во велешкото село Сливник во кој е зафатена една куќа, во село Сопотница, Демир Хисар, во пожар се зафатени сува трева и нискостеблеста вегетација, а стрниште, сува трева и гуми горат во пожарот во струмичкото село Костурино.

Во Скопско се изгаснати и сѐ уште се гасат седум пожари на отворено. ЦУК соопшти дека во Горно Блаце горела мешана деградирана шума и трева, а кај село Љубош, Студеничани над Батинци, горела деградирана шума и дива депонија.

-Во Волково гори трева, нискостеблеста деградирана шума и ѓубре. Изгоре и еден помошен објект. Пожарот е под контрола. Во Бојане, Сарај, гореше шума и трева,  во општина Бутел околу ул. „Боца Иванова“ кон обиколницата гореше сува трева, а изгоре и еден помошен објект. Гореше и депонијата Вардариште, како и ѓубре во село Орешани во општина Зелениково – информираат од ЦУК.

Фото: МИА

Share This Article