More

    ЈУ Национален парк Галичица изврши вонреден увид во АК Градиште и беше установено дека не станува збор за нови градежни активности

    spot_img

    Јавната установа Национален парк Галичица Охрид ја испраќа оваа информација во однос на објавата на ТВМ насловена „Status quo за нелегалните градби во АК Градиште“ од 31 март 2022 година.
    Имено, во оваа објава се наведува дека во АК Градиште се гради интензивно и покрај препораките на УНЕСКО. Понатаму се додава дека секојдневно се гради, иако има решение за отстранување на нелегално изградени 25 објекти утврдени од Општинскиот градежен инспекторат. На крај на објавата се истакнува дека зад затворени врати се одвиваат градежни зафати и не се дозволува приод ни од надлежните институции.
    На 01.04.2022 година, Јавната установа Национален парк Галичица изврши вонреден увид на самото место и беше установено дека не станува збор за нови градежни активности. Имено, станува збор за активности за чистење на пречистителната станица и замена на дотраени цевки и материјали со нови, со што се овозможува непречено функционирање на истата. Исто така, утврдено е дека има и активности за чистење на отпад и вегетација во склоп на подготовките за претстојната туристича сезона.
    Увидот е извршен непречено и во присуство на управителот на АК Градиште.
    После спроведување на увидот од страна на Јавната установа Национален парк Галичица е утврдено дека не станува збор за нови градежни активности, туку редовни активности кои се преземаат за непречено функционирање на пречистителната станица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img