Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е формално обвинет за заговор да го поништи својот пораз на изборите во 2020 година, на судското рочиште во Вашингтот што почна вечерва по средноевропско време.
Пред судењето, Трамп го нарече случајот доказ за корупција, скандал и неуспех на актуелниот претседател Џо Бајден. Во Вашингтон за сослушувањето е зголемено обезбедувањето.
Веќе има два процеси против Трамп, но тој сѐ уште се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат следната година.
Сегашното обвинение се смета за најтешко. Трамп се соочува со четири точки од обвинението, вклучувајќи заговор за измама на државата, заговор против граѓанските права и манипулација на сведоци.
На Трамп му беше кажано дека не може да комуницира за фактите на случајот и дека мора да се јави пред судот во Вашингтон.
Судијата сега предупредува на последиците од прекршување на условите за претходна постапка. Непочитувањето може да резултира со налог за апсење, отповикување на условите за ослободување, притвор и непочитување на судските обвиненија.
Трамп штотуку се изјасни за невин по сите четири обвиненија против него.