Млад човек, странски државјанин, исчезна на планината Дурмитор. Од вчера во 10 часот му се губи секоја трага. Во потрагата по исчезнатото момче е ангажиран воен хеликоптер.
„Воениот хеликоптер полета со екипажот и членовите на Планинската спасувачка служба (ГСС). Во моментов се пребарува подрачјето на целиот Дурмитор“ – потврдија од ГСС за Црногорската информативна агенција РИНА.
Од ГСС додаваат дека планината Дурмитор може да биде сурова и опасна и предупредуваат дека секое пешачење самостојно може да биде крајно опасно.
„Секогаш мора да се оди со придружник кој ги знае патеките. Никогаш не треба да излегувате надвор од обележаните патеки и секогаш да носите соодветни обувки и облека“ – предупредуваат од ГСС додека трае потрагата по исчезнатото момче.