Посетите на Акропол во Атина, најпопуларниот археолошки локалитет во Грција, од следниот месец ќе бидат ограничени на максимум 20.000 посетители дневно поради преголема гужва, најави грчката министерка за култура Лина Мендони.
Планирано е да има и различни ограничувања на секој час. Локалитетот ќе биде отворен 12 часа, а посетителите ќе добиваат точен термин за посета.
Новиот начин на посета на овој историски локалитет пробно ќе почне да се применува од утре.
Мендони изјави дека е неопходно да се воведат регулативи за да се спречи создавање тесни грла и пренатрупаност на Акропол.
Грција планира ваков начин на посета да воведе и на другите локалитети во Атина од април следната година.
Според грчката статистика, минатата година Акропол го посетител повеќе од 3 милиони луѓе.