More

    Мицкоски и оваа година го посети струшкото село Ташмаруништа каде што положи свежо цвеќе во чест на големиот државен празник Илинден

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и оваа година го посети струшкото село Ташмаруништа каде што положи свежо цвеќе во чест на големиот државен празник Илинден.

    „Традиционално за Илинден во струшко Ташмаруништа. Во чест на комитите, војводите, партизаните, оние кои на свои плеќи и за нас водеа крвава битка за слободата и независноста. Држава натопена со страдања и со крвта на патриотите кои даваа се, за она што денес го имаме и не смееме да го загубиме. Слава им!“, вели Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук.

    Тој претходно упати честитка со сите граѓани истакнувајќи дека Илинден е најсветлиот македонски ден. Илинден е симболот на македонската борба за слобода. Илинден е македонскиот темелник на државноста. Македонија и Илинден се две испреплетени нишки кои го означуваат идентитетот на секој Македонец, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Илинден.

    – Пред 120 години воден од идеалот за слобода, народот во Македонија ја започна епопејата, го посеа семето на непокорот и тоа беше крунисано со првото заседание на АСНОМ и создавањето на македонската држава. И двата Илиндена и тој во 1903 и тој во 1944 година беа меѓниците во македонската историја кои оставија неизбришлив траг во колективната меморија на Македонија – стои во честитката на Мицкоски.

    Илинден, додава Мицкоски, беше и ѕвездата водилка и на сите оние кои ја сонуваа и ја изборија македонската независност на 8-ми Септември, но ќе останат и ѕвезда водилка и на сите идни генерации кои ќе се борат за Македонија.

    – Борбата за Македонија никогаш нема престане. Таа е вечна исто како што е вечна идејата да изградиме татковина која е своја на своето, која е еднаква со сите под ова сонце и која ќе биде напредна и просперитетна. Тоа битисувало и во двата Илиндена, тоа битисува и денес – пишува Мицкоски во честитката.

    Додава дека сме горди на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои.

    – Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија. Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели. И денес како и пред еден век се справуваме со внатрешни и надворешни предизвици, но минатото не учи дека со обединетост, достоинство и верба во правдата ќе изградиме подобра иднина. Нека е вечен празникот Илинден. Нека е вечна Македонија – стои во честитката на Мицкоски по повод Илинден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img