Хрватската планинска спасувачка служба во саботата и помогна на странска туристка да се породи во објектот Лугарница во Националниот парк Пакленица. До денес се веруваше дека трудницата не знаела за бременоста, но се чини дека вистината е малку поинаква.
Откако мајката се породила со детето била префрлена во задарската општа болница, од која мајката по сопствено барање била отпуштена во неделата, а бебето денеска е отпуштено од болница.
Иако мајката била отпуштена во неделата, во понеделник и вторник го посетила детето кое е во добра здравствена состојба.
Младата мајка денеска го посетила бебето во задарската болница во придружба на нејзината мајка и семеен пријател, по што детето со неа било отпуштено од болница.
„Бевме изненадени од изјавата дека таа не знаела за бременоста. Подоцна ни кажа дека знаела, а на социјалните мрежи има многу слики на кои може да се види како се облекува за да ги скрие видливите знаци на бременост. Не сме тука да даваме оценки, детето е добро. Мајка во добра форма. Таа е државјанка на ЕУ, па не се спорни ниту болничките трошоци, на крајот за породувањето е минорна ставка. Но, зошто да се оди по Велебит во такви услови – не сме ние тие што треба да поставуваат такви прашања. Бебето е добро, сите тестови се направени, таа сепак ќе остане со нас ден-два и тоа не е ништо за грижа“, пишува 24сата повикувајќи се на извори од болницата.