Коста К. после сведочењето пред судот наводно се обидел да избега од Психијатриската клиника во Белград

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Малолетниот убиец Коста К. после сведочењето пред судот наводно се обидел да избега од Психијатриската клиника во Белград во која се наоѓа откако на 3 мај годинава изврши масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ во кој уби 9 ученици и чуварот на училиштето, но полицијата во последен момент го спречила во неговиот обид. Веста за наводното бекство на момчето убиец ја објавија дел од српските медиуми повикувајќи се на извори во клиниката.

Министерството за внатрешни работи на Република Србија денеска објави соопштение во кое ги демантира наводите на медиуми за обидот за бегство, со напомена дека малолетниот Коста К. е под 24-часовен полициски надзор и дека секоја можност за бегство е целосно невозможна.

„Министерството за внатрешни работи соопштува дека не се точни тврдењата на одредени медиуми дека К.К. (14) се обидел да избега од здравствената установа во која се наоѓа откако на 3 мај годинава во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград изврши кривично дело. Нагласуваме дека малолетниот К.К.е под 24-часовен полициски надзор, со што секаква можност за бегство е целосно невозможна“ – стои во соопштението од српското МВР.

Share This Article