Сè уште нема официјални податоци за тоа колку пченица е произведена годинава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сè уште нема официјални податоци за тоа колку пченица е произведена годинава. Министерот за земјоделство ги очекува конечните резултати по завршување на целиот процес, но знае дека приносите се повисоки од ланските, а квалитетот на пченицата е понизок поради неповолните временски прилики.

– Во Министерството не се работи по чаршиски бројки туку врз основа на точни бројки. Финалните бројки ќе ги знаеме по жетвата и кога земјоделците ќе аплицираат за финансиската поддршка. Според податокот пред жетва, имаме бројка дека површините се зголемени за 8 отсто, но што ако е произведена но не е предадена. Затоа направивме нови мерки за мотивација земјоделците за следната сезона и мерки кои ќе придонесат тие да го прoдадат производството. Покрај мерката за 3 денари за произведен килограм пченица донесовме и мерка за складирање на пченицата од страна на земјоделците. Тие ќе можат 9 месеци да ја складираат пченицата и да добијат по 120 денари по тон за складирањето и 3 денари по килограм произведена пченица. Со тоа тие ќе можат да очекуваат во овие месеци какви ќе бидат откупните цени и да ја продадат за најсоодветна цена пченицата – рече Николовски.

Тој потпирајќи се на информации од терен, рече дека квалитетот на пченицата на е задоволителен, но не очекува драстичен увоз на пченица.

– Така е и во регионот од каде што увезуваме. Годинава ќе имаме поголемо производство, но поради падот на квалитетот ќе треба да увеземе пченица од 60.000 до 70.000 тони – рече Николовски.

Share This Article