More

    Бразилецот почина пред својот 128 роденден, се верува дека бил најстариот на светот

    spot_img

    Бразилецот почина пред својот 128 роденден, се верува дека бил најстариот на светот
    Бразилец за кој се верува дека е најстариот човек на светот, почина една недела пред неговиот 128 роденден.

    Хозе Паулино Гомез почина во петокот, 28 јули, една недела пред неговиот 128 роденден, во својот дом во Педра Бонита.

    Семејството соопшти дека Гомез починал од откажување на органите поради неговата напредна возраст.

    Според изводот за брак од 1917 година, Гомез е роден на 4 август 1895 година, што значи дека ги преживеал и светските војни и три пандемии.

    Вилијан Хозе Родригез де Суза, адвокат во локалната матична служба, потврди дека родното место на Гомез е точно и дека тој е роден пред 1900 година.

    Сепак, неговото семејство не е сосема сигурно за неговата точна возраст, наведувајќи дека имало неколку случаи каде документацијата била неточна.

    „Има еден сосед кој има 98 години. Изгледа дека го познавала кога бил момче. Кога го слушнавме ова, решивме да потврдиме каде се наоѓа и да видиме што е вистината“, изјави внуката на Гомез, Елијане Фереира за локалните медиуми.

    Утврдено е дека старецот мора да имал над 100 години, најмалку 110. Но, официјалната бројка ќе се знае дури кога ќе ја добијат потврдата за смрт.

    Гомез не се најде на Гинисовата листа, бидејќи според нивните рекорди најстарата личност на светот е 116-годишната Марија Бранијас Морера од Шпанија. Родена е на 4 март 1907 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img