Британската актерка Кејт Бекинсејл неодамна го прослави својот голем 50-ти роденден – и тоа во голем стил.
Актерката приреди раскошна забава во својата вила во Холивуд, а меѓу гостите имаше и големи ѕвезди од различни сфери на уметноста. Деми Мур, Џејмс Марсден и многу други со задоволство се одзваа на поканата на Кејт заедно да го прослават големиот ден за актерката.
Фотографиите осамнаа и на социјалните мрежи, а 50-годишната Бекинсејл на Инстаграм сподели дел од атмосферата од таа вечер. Како што можете да видите, не недостигаа широки насмевки и добро расположение, а самата актерка во текот на вечерта сменила два стајлинзи.
Кејт заслужено ја носи титулата една од најубавите актерки.
ФОТО: Инстаграм