Принцот Вилијам (41) ги шокираше обожавателите на кралското семејство во неодамна објавеното видео на кое дели вегетаријански хамбургери. Видеото го објави онлајн заедницата за готвење Sorted Food.
Овие специјални хамбургери се направени со состојки наградени со наградата The Earthshot Prize, иницијатива започната од принцот Вилијам во 2020 година. Оваа иницијатива трага по извонредни решенија за најголемите светски еколошки предизвици. Во видеото, идниот монарх подготвува и дели хамбургери со зачинето „месо“ на база на компири со вкус со лук, ѓумбир и чили. Сето тоа се служи во лепиња и се подготвува од камион со храна паркиран во Лондон.
Една од сцените што предизвика најмногу реакции е онаа во која принцот Вилијам, облечен во светло сина кошула, се врти од скарата на камионот за да им послужи хамбургер на некои изненадени обожаватели.
– Веднаш пристигнува! – им рекол со насмевка. Четворица купувачи останале во шок, со подотворени усти кога го виделе идниот крал на Англија.
Еден од муштериите признал дека е целосно шокиран, додека другиот едвај им верувал на очите и се прашувал дали тоа е само сон.
Во видеото, принцот Вилијам, исто така, ја опишал иницијативата Earthshot и објаснил како се направени хамбургерите тој ден.
„Дојдете и зграпчете ги вашите плескавици!“, ги поканил сите присутни, додека плескавиците биле послужени во еколошки прифатлива бела кутија од компанијата „Нотпла“, која користи облога од алги наместо пластика.
За подготовка на овој специјален оброк, готвачите на Sorted Food користеле Mukuru Clean Stoves, кои биле дизајнирани во Кенија за да помогнат во намалувањето на загадувањето на воздухот. Состојките за хамбургерот се одгледувани од страна на компанијата „Kheyti“, дополнително поттикнувајќи ја одржливоста на овој проект.