More

    Џафери нема да инсистира по секоја цена да остане претседател на Собранието

    spot_img

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за МИА изјави дека би ја следел одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција и би се повлекол и тој доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.

    – Следствено ако сите си одат, зошто ја би инсистирал да останам – изјави Џафери.

    Во однос на парламентарните избори тој вели дека негов личен став е оти избори треба да има во редовен термин и нема причина зошто да не биде тоа така, додека за тоа дали избори за пократко време би помогнале ДУИ да успее да задржи што е можно повеќе гласови, вели дека потребни се пресметки што ќе ги направат партиските органи.

    – Јас колку што знам, ДУИ се има изјаснето мандатот да оди како редовен мандат и да се вратиме во процесот и во системот на четиригодишен мандат. Но, вчерашната одлука која што е изјавена е во конктекст на она што беше резултат или изјава на лидерската средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата. Предусловот на опозицијата беше – да, ние би пристапиле на тоа доколку ДУИ оди во опозиција и промпно беше кажано додека се одржуваше конференцијата дека ако е тоа предусловот за граѓаните ние треба да сме надвор од оваа Влада за да се изгласаат уставните измени. Раководството, лидерот тоа го соопшти – изјави Џафери.

    Запрашан дали тој се согласува со ваквото делување на ДУИ и дали ќе го следи на некој начин, вели дека ако е во полза на идејата би ја следел оваа одлука.

    – Во принцип ако сте дел од некоја организација ако има можности ќе си го кажете мислењето и на крај ако има одлука, доколку сакате да продолжите да сте дел од организацијата ќе ја испочитувате одлуката која што е донесена, во спротивно треба да решите да одите од субјектот – рече Џафери.

    Интервјуто со претседателот на Собранието Талат Џафери во целост со видео материјал ќе биде објавено утре.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img