Во аква парк во Франција загина 35-годишен маж, а неговата 3-годишна ќерка е тешко повредена кога нивниот сплав на надувување излетал во воздух поради силниот ветер кој ги фрлил на околу 50 метри.
Страшната трагедија се случи во јужниот француски регион Вар во аква паркот Wonderland. Посетителот и неговата ќерка се возеле на сплав во еден од најголемите делови на тој аква парк. Областа била изложена на силни ветрови, а еден налет го подигнал сплавот од водата и го фрлил преку паркот.
Мажот и неговата ќерка летале околу 50 метри. Според француските медиуми, тие доживеале срцев удар. Итната помош ги реанимирала и ги префрлила на интензивна нега во болница во Марсеј. Меѓутоа, мажот им подлегнал на повредите во неделата на 30 јули. Девојчето се уште е во критична состојба.